Вардаров „ѕид“ за подмладената Будуќност

Ракометарките на Вардар во вториот ден ја забележаа и втората победа од „Турнир Вардар“ што се одржува во Скопје, убедливо славејќи над составот на Будуќност со резултат 26-15. Црногорките до лани важеа за дел од европскиот крем во женскиот ракомет, но со заминувањето на неколку клучни играчи тренерот Аџиќ сега има пред себе поинаков концепт, во кој шанса добиваат помладите ракометарки.

var-bud 2

„Вардарки“ уште од самиот почеток доминираа, реализирајќи го првиот напад преку Пенезиќ, а потоа за нешто повеќе од шест минути поведувајќи со 5-1. Следеше тајмаут на црногорскиот тренер, веднаш потоа и водство на Вардар од 6-1, за потоа Будуќност да влезе во мини-серија. Гостинките стигнаа до 8-6 пред нивната серија да ја запре Лазовиќ, за потоа одбраната на Вардар на чело со Лејно да почне да функционира беспрекорно, оставајќи го противничкиот тим повеќе од десет минути без постигнат гол.

var-bud3

Вардар стигна до 14-6, Црногорките пред крајот на полувремето конечно ја прекинаа „црната серија“, за на полувреме да се замине со водство на македонскиот првак од 15-8, по одбранетиот седмерец на Суслина во последната минута.

vardarki -buducnost1

Второто полувреме беше само рутина за македонскиот состав, кој искусно ја одржуваше предноста. Суслина одбрани уште два пенали во краток период, влевајќи уште поголема сигурност во играта во одбрана на Вардар, за на десет минути до крајот да се стигне и до „плус десет“ (22-12) со седмерецот што го реализираше Андреа Лекиќ. Цврстата одбраната остана одлика на македонскиот шампион до самиот крај, за конечна победа од 26-15, втор триумф за „вардарки“ во вториот меч од овој силен меѓународен турнир.

Се вчитува...