Вардаровите кошаркарски надежи со сребрен медал се враќаат од Италија!

Кадетската екипа на Вардар запиша зад себе извонреден настап на силниот турнир во Италија, на кој со генерацијата 2002 го освоија сребрениот медал.

На турнирот кој се играше во Милано, „црвено-црните“ кадети во финилето во максимално израмнет натпревар до самиот крај, несреќно загубија од Емпорио Армани со 56-54. Претходно, откако успешно ја минаа групната фаза во полуфиналето „вардарци“ славеа против Бергамо со 66-62.

Избраниците на Александар Јованчев, и со минималниот пораз во финалето јасно го потврдија својот потенцијал нагласувајќи ја определбата на КК Вардар силно да се инвестира во најмладите свои генерации.

„Одигравме навистина одличен турнир, добивајќи честитки од бројни истакнати кошаркарски стручњаци од Италија. Постигнатиот резултат, и на интернационално ниво, уште еднаш ни потврдува за потенцијалот што го поседува нашата екипа“ – ни изјави тренерот Јованчев, кој е и селектор на репрезентацијата на Македонија за кошаркари до 15 години.

Се вчитува...