„Вардарци“ го напаѓаат и светскиот ракометен трон

Ракометарите на Вардар денеска го стартуват настапот на Суперглоуб, натпреварувањето што вообичаено со одржува во Катар и важи за неофицијално светско клупско првенство. „Црвено-црните“ направија историски успех со европската круна во Келн на почетокот на јуни, па сега ќе сторат се за да ја комплетираат фантастичната колекција на трофеи за сезонава и со титулата светски првак.

Прв противник на македонскиот првак во Доха ќе биде иранскиот претставник Гашаран (14 часот), ривал за кого „црвено-црните“ немаат поконкретни информации, но јасно е дека важат за апсолутни фаворити.

Наша цел беше формата да биде темпирана токму за Катар и за Супер Глоуб. Ќе биде тешко, но сакаме да ја завршиме 2017 година со петти пехар. Одиме подготвени психички да се продолжи она што го почнавме. Сакаме да ја продолжиме доминација, иако сме свесни дека ќе биде тешко. Сите велат дека потешко е да се одбрани титулата. Но, ако се работи и со желба, сѐ функционира“, вели Тимур Дибиров.

Се вчитува...