„Вардарци“ подобри од Охрид за прва победа сезонава!

Кошаркарите на Вардар славеа во првиот натпревар од викенд колото во Плеј-аут кошаркарската лига на гостински терен против Охрид со 65-77.

Избраниците на Ѓорѓи Кочов немаат шанси за опстанок во прволигашкото друштво, но тоа за нив воопшто не беше причина да не одиграат максимално квалитетен натпревар запишувајќи ја својата прва победа сезонава во елитната конкуренција.

Веќе по првиот период од натпреварот, младите играчи на Вардар, предводени од капитенот Војче Лефкоски наталожија доволно големо водство од 12 поени разлика, 11-23 по првата четвртина, со кое мирно го завршија натпреварот сè до конечни 65-77 (11-23, 20-14, 18-27, 16-13).

Најефикасни кај Вардар беа Лефковски со 14 поени, Адекунле со 13 постигнати поени и Калов кој мечот го заврши со 12 поени, додека кај домаќинот Охрид предводеше Брукс со 23 поени.

Се вчитува...