“Вардарци” со херојски чин ја почнаа новата европска одисеја спасувајќи живот на летот за Виена

Вардар утре го чека во Полска првиот натпревар од новата сезона во ЕХФ лигата на шампионите против Висла Плоцк. А, “вардарци” веќе со херојски чин ја почнаа својата нова европска одисеја.

На летот Скопје – Виена, како што информира официјалната интернет страница на клубот, вардарци добија аплауз и благодарност од екипажот и патниците од авионот откако спасуваа човечки живот.

Хероите на летот биле физиотерапевтите Димитар Маневски и Виктор Стојанов кои 40-тина минути биле покрај еден патник кој имал проблеми, успеавајќи да го стабилизираат неговото здравје пред истиот да биде преземан од медицинската екипа во Виена.

Веднаш по полетувањето од Скопје, еден патник колабирал по што веднаш на помош на екипажот на авионот се приклучиле и Маневски и Стојанов. По укажаната медицинска помош за патникот, истиот потоа успеал да го издржи летот до крај, до безбедното слетување на аеродромот во Виена.

Патникот потоа по слетувањето бил преземан од медицинска екипа на аеродромот, а “вардарци” продолжиле за Полска.

Се вчитува...