„Вардарци“ тргнаа кон Анталија без Николов и Муслиу кои заминуваат од клубот!

Вардар утрово замина во турскиот туристички центар Анталија, каде што „црвено-црните“ ќе го одработат главниот дел од овие зимски подготовки пред пролетниот дел од шампионатот.

„Вардарци“ за Анталија заминаа без двајца свои првотимци, репрезентативците Бобан Николов и Висар Муслиу кои заминуваат од клубот.

Бобан Николов е пред договор со унгарскиот Видеотон, а деновиве ја очекува и официјалната промоција во новиот клуб, додека дефанзивецот Висар Муслиу има понуди за продолжување на кариерата во Кипар и во Белгија.

Муслиу од Вардар заминува како слободен фудбалер само поради нов пропуст на раководните структури кои, и покрај тоа што летово најавија дека со него потпишуваат тригодишен договор, сепак во клубот настапувал како аматер со што сега може со слободни документи да си ја промени средината.

Тимот на Чедомир Јаневски во Анталија ќе биде сместен во хотелот „Каја Палацо“. По денешното пристигнување веднаш ќе биде одработен и првиот тренинг.

Вардар во Анталија ќе одигра шест пријателски натпревари по следниот распоред:
20.01. – Пахтакор (Узбекистан)
23.01. – Берое (Бугарија)
27.01. – Черноморец Одеса (Украина)
31.01. – Залгебје Лубин (Полска)
03.02. – Словачко (Чешка)
04.02. – Дукла Прага (Чешка)

Се вчитува...