„Вардарци“ тргнаа за Катар – во атак на светската круна

Ракометарите на Вардар денеска отпатуваа за Катар, каде во периодот од 25 до 28 август ќе биде дел од Суперглоуб. По освојувањето на европската титула на Ф4 турнирот во Келн, „црвено-црните“ сега атакуваат и на титулата светски клупски првак, со која би била заокружена најуспешната година во клупската историја, по трофеите во ЛШОва ќе биде прво учество на Вардар на неофицијалното клупско СП, во обид да го освојат и петтиот трофеј годинава. По триумфот во СЕХА Газпром лига, во домашниот Куп, лигата на шампионите и првенството на Македонија ова е уште една шанса да станеме најуспешната екипа.

За Катар единствено не отпатуваа Тоше Ончев, Мартин Поповски и Владо Недановски кои во Скопје ќе работат индивидуално.Првиот противник Вардар во четврт-финалето е ирански Гашарн, а тој натпревар е закажан за 25 август во 14 часот. Во полуфиналето би требало да се сретнеме со Барселона, тим со кој игравме и во полуфиналето на Ф4 турнирот во Келн во јуни.

Се вчитува...