„Вардарци“ заминаа за Брест на Ф4 од СЕХА: Без Шишкарев а со Поповски

Ракометарите на Вардар утрово од скопскиот аеродром заминаа за Брест, Белорусија каде од утре па до недела ќе бидат дел од Фајнлфор турнирот во СЕХА лигата. Вардар е еден од двата во СЕХА лигата кој учествувал на сите досегашни Ф4 турнири.

Екипата најпрво патува до Загреб од каде со чартер лет, заедно со ракометарите на ППД Загреб и дел од официјалните лица на СЕХА, продолжуваат за Брест. Како првопласирани по регуларниот дел од сезоната „вардарци“ во полуфиналето на Ф4 турнирот ќе играат утре од 17:30 часот против ППД Загреб.

Во екипата овојпат го нема Даниил Шишкарев кој има повреда на зглобот на ногата. Во тимот за Белорусија патува Мартин Поповски. Во второто полуфинале играат домашинот на турнирот Мешков и Веспрем.

На досегашните Ф4 турнири во СЕХА лигата, Вардар само еднаш не играл во финалето, и тоа во сезоната 2014/2015.

Досегашен пласман на Вардар на Ф4 турнирите на СЕХА2016/17 регуларен дел – 1 место2015/16 регуларен дел – 2 место; Ф4 – 2 место2014/15 регуларен дел – 2 место; Ф4 – 4 место2013/14 регуларен дел – 3 место; Ф4 – победник2012/13 регуларен дел – 3 место; Ф4 – 2 место2011/12 регуларен дел – 2 место; Ф4 – победник

Се вчитува...