Варди добива смртни закани по отказот на Раниери

Џејми Варди минатата сезона беше миленик на фановите на Лестер, но голгетерот на „лисиците“ минува низ вистински пекол во последно време откако навивачите упатуваат смртни закани кон него и неговото семејство. Причината е добро позната, медиумите го посочија Варди како главен виновник за смената на Клаудио Раниери, па иако англискиот репрезентативец ги негираше овие тврдења, а во меѓувреме постигна и неколку важни погодоци за Лестер, тој се уште добива смртни закани.

Во тоа немаше вистина, но кога приказната ќе излезе во јавноста веќе нема запирање. Добивав и се уште добивам смртни закни, за мене и моето семејство. Се обидувам да се носам со ситуацијата, но не е лесно кога сопругата ги вози децата низ градот, а јас не можам да сум таму бидејќи имам тренинг, нормално дека мислам на нив. Весниците напишаа дека состанокот за смена на Раниери се одржал по поразот од Севилја. Како можев јас да сум на таков состанок кога три часа заглавив на допинг-тест контрола. Во изминатиот период се изнесени многу невистини против мене и уште неколку играчи, но не можеме да промениме ништо, туку само треба да продолжиме да играме најдобро што знаеме за Лестер“ – изјави Варди.

Се вчитува...