Варзару: Го сакавме Вардар, желбата ни се исполни

Ждрепката сакаше Вардар повторно да се сретне со ЧСМ Букурешт во репризата од ланското полуфинале од Ф4 турнирот во Будимпешта, а во редовите на романскиот првак владее задоволство што од трите можни ривали ќе игра токму против македонските „црвено-црни“.

Нема зошто да криеме, го сакавме Вардар. Будуќност има огромен раст во формата, исто така ја има и Кристина Неагу, додека Ѓер ја има улогата на домаќин. Поради ова сакавме да се сретнеме со Вардар, да ја повториме играта од минатиот фајналфор. Денеска почнуваме со подготовките за следдниот противник“ – изјави искусната Кристина Варзару, која во својата кариера има четири тутли европски првак (три со Виборг, една со ЧСМ Букурешт).

Таа смета дека „вардарки“ моментно се наоѓаат во послаба форма отколку во овој период минатата година, но потсети дека полуфиналето ќе го реши моментната инспирација и мотивација.

Лани Вардар влезе во одлична форма на Ф4 и беше полн со самодоверба. Мислам дека сега се нешто послаби на ова поле, но во секој случај станува збор за квалитетен ривал. Ќе биде тешко, а онаа екипа што подобро ќе ги совлада емоциите на крајот ќе слави“ – истакна искусната романска ракометарка.

Се вчитува...