Вашингтон и Бостон на победа до полуфинале

Вашингтон визардс пред домашната публика славеа против Атланта хоукс со 103-99 и поведоа со 2-1 во финалната серија што ги носи на чекор до полуфиналето во Источната конференција во НБА лигата. Во иста позиција е и Бостон Селтикс кој го совлада Чикаго булс со 108-97 во петтиот натпревар од финалната серија.

Избраниците на тренерот Скот Брукс во поголемиот дел од натпреварот го контролираа темпото на терен и стигнаа до конечниот триумф. Најефикасни во составот на Атланта беа Бредли Бил со 27 поени и Џон Вол кој постигна 20 поени и додаде 14 асистенции. Во гостинскиот состав се истакнаа Денис Шрудер со 27 поени и 11 асистенции и Пол Милсап со 21 поени и 11 скока.

Серијата сега се сели во Атланта каде „волшебниците“ ќе ја имаат првата меч топка за пласман во следната рунда.

Во вториот синоќешен натпревар, Бостон со триумфот над Чикаго (108-97) ја сврте серијата од стартните 0-2 на 3-2.

Победникот во овој дуел беше решен во последната четвртина која тимот предводен од Бред Стивенс ја доби со 29-16. Најзаслужни за третиот триумф на Бостон беа Ејвери Бредли со 24 поени и шест скока, Ајзеа Томас кој исто така запиша 24 поени дополнети со пет скока и четири асистенции и Ал Хорфрод со 21 поен, девет асистенции и седум скока.

Во поразениот тим на Чикаго единствен расположен за игра беше Двејн Вејд со 26 поени, 11 скока и осум асистнеции.

Шансата ја пласман во полуфиналето на Источната конференција, Бостон ќе ја има во сабота кога ќе им гостуваат на „булси“ во Чикаго.

Се вчитува...