Вашингтон без одговор за фуриозниот Бостон

Бостон селтикс се најде на една победа до конференциското финале на „Истокот“ откако синоќа славеше на дуелот со Вашингтон визардс со убедливи 123-101.

Иако ги загубија претходните две средби во Вашингтон, кошаркарите на Бостон полни со самодоверба влегоа во оваа средба, свесни дека домашната публика ќе им даде дополнителна сила во обидот да стигнат до ново финале. Ова беше очигледно од самиот почеток, откако „зелено-белите“ поведоа со 15 поени уште во првото полувреме. Селтикси имаа најубедливи 26 поени предност на овој натпревар, не им дозволија на гостите ниту на момент да се понадеваат на камбек, па сосема заслужено стигнаа до убедлива победа.

Ејвери Бредли беше изненаувањето во таборот на домаќините со за него рекордни 29 поени во плејофот, Ал Хорфорд реализираше 19 поени, седум асистенции и шест скока, додека Ајзеа Томас беше стрелец на 18 поени, надополнети со девет асистенции. Џон Вол беше најдобар стрелец на Вашингтон со 21 поен.

Се вчитува...