Васиљевиќ: Како против Меси… со пиштол и лисици, нема друго!

Барселона по фантастичната победа во Мадрид утре ќе ја пречека Осасуна во дуел на најдобриот напад против најслабата одбрана во Примера. Фудбалерите на Осасуна досега примија 75 погодоци во домашниот шампионат, па јасно е дека не им се пишува ништо добро на „Камп ноу“. Оваа екипа веќе е испадната од елитното друштво, а тренерот Петар Васиљевиќ има план како да го запре Лео Меси.

„Како да го запрете Меси? Јас препорачувам да се дојде на „Камп ноу“ со лисици и со пиштол, бидејќи не верувам дека постои друг начин. Тој е фудбалски гениј, вистинска инспирација за сите останати. Некогаш знае да не биде во ритам, но ќе се вклучи, за десет минути ќе го направи она што го прави најдобро и ќе го реши натпреварот“ – изјави Васиљевиќ.

Се вчитува...