Василевски победник во најмасовната класа на „Скопје круг 2017“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје денеска повторно, по пауза од седум години, живееше со кружните автомобилистички трки, „Скопје круг 2017“. За жал, извонредниот спортски настан беше затемнет со тешкиот инцидент кој се случи во осмиот круг од трката во четвртата дивизија, кога беше повреден еден од организаторите на настанот Александар Димушевски.

Претходно, се одржаа трките во три дивизии, при што во најмасовната прва дивизија во која возеа учесниците во првата класа, победи Филип Василевски, пред  неговите клупски колеги од АКК „Никола Карев“, Филип Џуклески и Никола Попевски.

Rezultati - Divizija 1

Во втората дивизија настапија возачите од четвртата класа, а победата ја однесе Алекса Радојковиќ со Форд Фокус, пред македонските автомобилисти Југослав Милошевски и Васил Тодоров. Влатко Симоновски кој беше најбрз во квалификациите, не ја заврши трката.

Rezultati - Divizija 2

Во третата дивизија, во која настапија возачите од втората и петтата класа, победи Албен Бериша од Косово во конкуренција на вкупно четири возачи од втората класа, односно Давид Малинковски во петтата класа во која покрај него настапи уште само Деан Георгиевски.

Rezultati - Divizija 3

Во четвртата дивизија трката беше прекината во осмиот круг поради излетувањето на Урош Бркиќ при што е повреден организаторот на трката и претседател на АКК Примо АВЈ, Александар Димушевски кој е префрлен веднаш во болница.

Rezultati - Divizija 4

Според последните информации, врз Димушевски се извршени неколку хируршки интервенции. Се наоѓа во свесна состојба, но од лекарскиот тим се уште нема официјални информации околу здравствената ситуација.

[new_royalslider id=”818″]

Се вчитува...