Ватфорд со нерегуларен гол му „украде“ триумф на Ливерпул во 93. минута!

Одличен старт ја одбележува новата сезона во Премиер лигата. По синоќешната победа од 4-3 на Арсенал против Лестер, нова голеада на почетокот од англискиот шампионат овој пат во Ватфорд каде Ливерпул во вистинска драма ремизираше (3-3) со Ватфорд.

Тимот на Јирген Клоп кој мечот го очекуваше во помалку „размрдана“ атмосфера, поради случувањата со Фелипе Кутињо и неговиот „тивок бојкот“ поради желбата да се пресели во Барселона, не успеа да стигне до трите бода иако објективно ги заслужи и беше многу блиску до нив. „Црвените“ двапати губеа, на крајот стигнаа до предност а потоа во 93. минута по една мешаница пред својот гол, во кој имаше и офсајд  и игра со рака на противничките фудбалер, загубија победа.

На почетокот Ватфорд стигна до предност со голот на Окака уште во 8. минута. Во 29. минута со убав погодок израмни Мане, но домашните стигнаа до предност со голот на Докур во 32. минута.

Во второто полувреме следеше далеку поквалитетно издание на „црвените“ и комплетен пресврт со два гола за две минути. Најпрво Фирмино од пенал погоди во 55. минута, а потоа во 57. минута Салах погоди од непосредна близина за 2-3.

Watford vs Liverpool 2-3 All Goals Highlights… by try-akatsukiИ, кога се чинеше дека трите бода ќе одат во Ливерпул, во 93. минута следеше израмнувањето на домашните со крајно сомнителен погодок на Бритос…Miguel Britos GOAL HD – Watford 3-3 Liverpool… by smoki-bobi

Се вчитува...