Веќе не е изненадување, Македонија е кошмар за фаворитите (фотогалерија)

ЕКИПА во Загреб,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

 

Веќе не е ни изненадување, Македонија игра рамо до рамо со најдобрите европски селекции и знае како да ги победува и гигантите. Настрадаа Словенците, а денеска ни се спасија Германците, на крајот мечот заврши нерешено, а на бодот повеќе се радувавме ние, поради фактот дека останавме први во групата и пренесуваме три бода во Вараждин.

Нема никакви дилеми, Македонија повеќе не е аутсајдер, туку кошмар за фаворитите, од неа од утре ќе почнат да стравуваат и Шпанија и Данска.

Се вчитува...