Велингер херој на малата скокалница, Штох остана без медал

Германскиот ски-скокач Андреас Велингер го освои златниот олимписми медал на малата скокалница, откако најдобро се снајде во скоковите кои беа попречувани од силен ветар. Интересно е дека водечкиот во Светскиот куп и олимписки победник од Сочи, Полјакот Камил Штох остана без одличје, иако беше второпласиран после првата серија.

Велингер до своето прво поединечно олимписко злато дојде со скокови од 104,5 метри и 113,5 метри во втората серија, со што израмни рекордот на скокалницата во Пјонгчанг.

Норвежанецот Јохан Андре Форфанг со скок од 109,5 метри во втората серија стигна до второто место и сребрениот медал, а неговиот сонародник Роберт Јохансон со скок од 113,5 метри од десеттата се проби на третата позиција и се закити со бронзен медал.

Се вчитува...