Велинов: Работнички ќе стори се за да ја совлада Победа - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 21:29
Кошарка
19/11/2017 20:35
Фудбал
19/11/2017 19:59
Фудбал
19/11/2017 19:09

Велинов: Работнички ќе стори се за да ја совлада Победа

Велинов: Работнички ќе стори се за да ја совлада Победа

Серијата на победи на Работнички беше прекината на последното гостување против Шкендија, но „романтичарите“ се решени веќе на следниот натпревар, в четврток на домашен терен со Победа да атакуваат на нов триумф и да се приближат до горниот дел на табелата. Стојанче Велинов е оптимистички расположен во пресрет на новиот предизвик, на кој Работнички ќе стори се за да стигне до цел плен.

„Паузата ја искористивме за да се подготвиме уште подобро за предизвиците кои ни претстојат до крајот на есенскиот дел од првенството. В четврток ја пречекуваме Победа, и би рекол дека размислуваме единствено за победа и освојување на трите бода. Верувам дека ќе продолжиме со игрите кои ги прикажавме пред паузата, кога на арената „Филип Втори“ славевме против екипи како Пелистер, Вардар и Шкупи“, истакна Стојанче Велинов.

„Романтичарите“ моментно се наоѓаат на седмата позиција на табелата со 16 бода, но и натпревар помалку (оној одложениот против шампионот Вардар).

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.