Велковски: Да ја победиме и Норвешка за крај на годината

Македонската фудбалска репрезентација денеска напладне во хотелот „Гранд Плаза“ го имаше првиот собир во пресрет на пријателскиот натпревар против Норвешка на 11 ноември. Дефанзивецот Дарко Велковски верува дека и покрај неколкумината отсутни фудбалери, националниот тим ќе продолжи со добри игри и дека ќе оствари победа за крај на 2017 година.

„Ова ќе биде добар тест за нас против Норвешка. Ќе имаме можност дополнително да се воиграме, но се надевам и дека ќе оствариме победа. Имаме позитивна серија на последните неколку меча и се надевам дека ќе ја заокружиме оваа година и со триумф против Норвежаните. Ќе биде тоа убава проверка за нашите моментни можности“, изјави Дарко Велковски на брифингот со новинарите.

Се вчитува...