Велковски: Можеме да го изненадиме Розенборг

Македонскиот првак Вардар е пред последниот предизвик во групите од Лигата на Европа. По пет порази, „црвено-црните“ посакуваат да се збогуваат со позитивен резултат, што секако ќе биде и историски за еден македонски клуб во ова елитно европско натпреварување. На гости утревечер (19 часот) доаѓа норвешкиот клуб Розенборг, со кој Вардар релативно добро се носеше и на првиот меч на гости, иако на крајот загуби со 3-1.

Дефанзивецот Дарко Велковски верува дека Вардар може да го изненади Розенборг, а ја знае и противиграта. За скандинавскиот стил на игра, ‘мајката му е’ да се одигра ниско по земја, со многу брзи додавања.

„Не очекува тежок натпревар од Лигата на Европа. Розенборг негува класичен скандинавски фудбал, а видовме дека тоа и ни одговара против Малме и Копенхаген. Треба да одиграме најдобро што можеме, и со игра по земја да им се спротивставиме на Норвежаните кои бараат воздушни дуели. Се надевам дека достојно ќе се простиме од европското натпреварување и ќе ги израдуваме нашите навивачи“, изјави Дарко Велковски.

Се вчитува...