Венгер е против влез на Барса во Премиер-лигата

Доколку Каталонија прогласи автономија од Шпанија, тоа речиси сигурно ќе значи и заминување на Барселона од Примера дивизион. Ова го потврди и претседателот на Барселона, Бартомеу, кој напомена дека во тој случај каталонците ќе разгледуваат учество во некоја од останатите врвни европски лиги, како пример посочувајќи го француското првенство и Премиер-лигата.

Стратегот на Арсенал, Арсен Венгер, денеска отворено се спротивстави на таа идеја истакнувајќи дека за Барса нема место во елитното англиско фудбалско друштво.

Се надевам дека нема да дојде до промени бидејќи клуч во лигите е географијата. Барса треба да продолжи да игра во Примера, нејзино вклучување во Премиер-лигата би било неприродно. Како можеме да го прифатиме каталонскиот тим, кога тврдиме дека нема место за Селтик и за Глазгов ренџерс, кои се дел од Велика Британија“ – порача Венгер.

Се вчитува...