Венгер го надмина рекордот на сер Алекс Фергусон

Арсен Венгер денеска со собори рекордот на сер Алекс Фергусон, за најдолг временски период, поточно 7583 дена, за менаџирање на еден клуб во Премиер лигата. Венгер е од 1996 година на клупата на Арсенал, Фергусон иако е назначен за тренер на Јунајтед 10 години порано, оваа статистика се смета од почетокот на Премиер лигата, поточно од сезоната 1992/93.

Фергусон се пензионираше по крајот на сезоната 2012/13 при освојување на 13. титула на Јунајтед откако првенството се смета како „Премиер лига“, па така се пресметани 21 година на кормилото на „Ѓаволите“, а од денес Венгер е подобар за неколку дена. Очигледно дека 67-годишниот стратег на „топчиите“ ќе постави нова граница на овој рекорд во иднина, кога ќе одлучи да напушти клубот, или додека не му биде врачен отказ.

Од друга страна пак, Фергусон е и ќе остане подобар од Венгер во еден сегмент уште долго време, можеби и засекогаш. Шкотскиот стручњак има 34 трофеи во кариерата, додека францускиот менаџер има само 16.

Се вчитува...