Венгер не признава пораз: Најискрено ви кажувам, не беше пенал

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер по изненадувачкиот пораз против Келн, очигледно не можеше да се помири дека неговиот состав загуби со примен гол од белата точка, па негово мислење е дека тоа што арбитарот го досуди не беше пенал. Иако неговиот состав успеа да обезбеди пласман во нокаут фазата како првопласирана екипа во својата група, но на францускиот стратег секако не му беше во план да доживува порази волку рано во европското натпреварување.

„Ние практично го загубивме мечот со еден шут кон нашиот гол. Изведениот пенал беше сосема во ред, но сметам дека фаулот не беше доволен да се досуди најстрога казна, најискрено не беше пенал. Морам да признаам дека играчите на Келн многу добро го чуваа својот гол, ние имавме посед на топка, создававме шанси, но ни недостасуваше завршниот чекор кон реализирање на погодок“, вели Венгер.

Се вчитува...