Венгер: Се врати стариот Озил

Германскиот интернационалец Месут Озил добиваше многу критики за своите игри во дресот на Арсенал оваа сезона, но вчера блесна во полн сјај против Евертон на гости. „Топчиите“ славеа со 2-5, а Германецот беше стрелец на еден гол и забележа една асистенција.

„Му реков на Месут по натпреварот дека тоа е играчот кој сите го посакуваме. Кога е подготвен, Озил е играч од врвна европска класа. Досега се мачеше со повредите и со физичката подготвеност, но се надевам дека сега ни се врати стариот Озил. Тоа ќе биде позитивно и за него, и за тимот“, изјави Арсен Венгер.

Арсенал по девет одиграни кола се наоѓа на петтата позиција на табелата со 16 освоени бода, девет помалку од лидерот Манчестер сити, но само четири помалку од Манчестер јунајтед и од Тотенхем.

Се вчитува...