Вентура: Шведска е силен ривал, но на СП ќе игра Италија

Италијанската фудбалска јавност е незадоволна од денешниот ждреб за баражот за влез на СП, откако „аѕурите“ за ривал ја добија Шведска, на хартија најсилната репрезентација меѓу неносителите. Без оглед на тоа, селекторот Џанпјеро Вентура е оптимист дека неговата репрезентација ќе одговори на предизвикот и од овие средби ќе излезе како победник.

„Секако дека имаме респект за Шведска, тоа е репрезентација што во овие квалификации во Стокхолм ја победи Франција, а успеа да заврши пред една Холандија. Сепак, верувам дека квалитетот е на наша страна. Во следниот период ќе го анализираме противникот, убеден сум дека одлично ќе се подготвиме за двомечот во ноември и ќе се избориме за место на СП“ – изјави Вентура.

Италија го освои второто место во групата во која се наоѓаше и Македонија, заостанувајќи на табелата само зад селекцијата на Шпанија.

Се вчитува...