Верати се премислува: Па нема цел живот да играм за ПСЖ

Марко Верати пред неполна година беше „вљубен“ во Пари сен Жермен, потпишувајќи долгогодишен договор до 2021 и истакнувајќи дека никогаш нема да си замине од „Паркот на принцовите“. Сепак, ситуацијата целосно се промени со доаѓањето на Унаи Емери за тренер на „светците“, па екс-стратегот на Севилја го пресели Верати на клупата за резерви поради недоволниот ангажман при играта во дефанзива.

Сето ова придонесе италијанскиот ас се погласно да го најавува своето заминување од ПСЖ, во ситуација кога е свесен дека има неколку интересни опции за продолжување на кариерата.

Па нема цел живот да играм за ПСЖ“ – гласи изјавата на Верати што го привлече вниманието на европските гиганти, па така Реал Мадрид сега подготвува понуда за да го доведе италијанскиот плејмејкер во своите редови.

ПСЖ барем засега не размислува за продажба, но доколку статусот на овој фудбалер во тимот не се подобри тогаш е за очекување тој самиот да инсистира на заминување. Покрај Реал Мадрид, сериозен интерес постои и од Јувентус, но и од Интер, клуб што токму во Верати гледа предводник на тимот за периодот што претстои, во кои „нероаѕурите“ најавуваат атак на врвот на италијанскиот фудбал.

Се вчитува...