Верлеин ја пропушта и трката за ГН на Кина

Возачот на Заубер, Паскал Верлеин, ќе ја пропушти и втората трка од шампионатот во Формула 1, што ќе се вози викендов во Кина. Германецот има незгодна повреда на грбот со која се здоби во јануари, но се уште не му е комплетно санирана и поради тоа тој не настапи ниту на отворањето на сезоната во Австралија.

Најважно ми е да можам да интентензивно да тренирам и да можам од моја страна да дадам максимум што е можно побрзо. Се надевам дека тоа ќе биде на трката во Бахреин, но и ако не биде, тогаш ќе земам уште малку време за да бидам потполно подготвен за настапот во Русија“ – изјави Паскал Верлеин.

На трката за ГН на Австралија, него го замени третиот возач на Ферари, Антонио Џовинаци, кој ќе продолжи да вози за Заубер додека не се врати Верлеин. Во своето деби, Џовинаци заврши на 12.место.

Се вчитува...