Весли Снајдер пред ангажман во САД

Весли Снајдер може да биде првото звучно име на новата франшиза во МЛС – лигата, Лос Анџелес. Клубот му нуди годишна плата од 3.5 милиони долари во следните две години. Клубот ги разгледува сите опции на пазарот, а желбата на раководството е да ангажираат што повеќе звучни имиња, кои воедно ќе донесат и квалитет во тимот. Нивните амбиции се да бидат меѓу првите тимови на табелата, а сметаат дека Снајдер е вистинскиот избор за започнување на нова фудбалска приказна во САД.

33-годишниот фудбалер за врска има уште 12 месеци од договорот со Галатасарај, а во следните неколку дена треба да го потврди ангажманот, односно да донесе конечна одлука. Доколку трансферот се реализира, Снајдер ќе остане во Истанбул  до крајот на оваа година, а на тимот ќе се приклучи пред стартот на новата сезона која започнува во март 2018 година, кога  и официјално ќе биде нов играч на клубот од „градот на ангелите“.

Се вчитува...