Весли Снајдер пред потпис со Ница

Холандскиот интернационалец Весли Снајдер би можел да биде големо засилување за францускиот прволигаш Ница. Медиумите во Франција најавуваат дека овој трансфер е во завршна фаза, а Снајдер доаѓа како слободен агент, откако спогодбено го раскина договорот со турскиот клуб Галатасарај. Имаше најави дека поранешниот играч на Реал Мадрид и на Интер ќе се врати во татковината, но, сепак, понудата од Ница е доволно примамлива за да се пресели во Франција.

Снајдер би формирал одличен тандем со Марио Балотели, со кого беше соиграч две сезони и во редовите на Интер.

Се вчитува...