Веспрем без Алиловиќ против Вардар - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
23/06/2017 23:11
Фудбал
23/06/2017 22:38
Фудбал
23/06/2017 22:44
Ракомет
23/06/2017 21:27

Веспрем без Алиловиќ против Вардар

Веспрем без Алиловиќ против Вардар

Веспрем се соочува со проблеми во пресрет на денешниот дуел со Вардар откако Мирко Алиловиќ поради повреда на коленото не само што ќе го пропушти овој натпревар, туку и следните средби кои унгарскиот тим треба да ги игра во наредните дваесетина дена.

Одличниот 31-годишен голман се здобил со удар во пределот на коленото на десната нога. Првичните прегледи покажале дека рехабилитацијата нема да трае кратко, по што на Алиловиќ му било дозволено да се врати во татковината.

Алиловиќ веќе замина за Хрватска, каде во следните осум дена ќе прима инјекции, по што ќе видиме како ќе се одвива рехабилитацијата. Како и да е, тој нема да се врати на терените до крајот на годинава“ – соопштија од таборот на Веспрем.

Хрватот ќе има доволно време за рехабилитација до февруари, бидејќи тој не настапува за својата репрезентација на СП во Франција, што ќе се одржи во месец јануари.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.