Веспрем по втор пат немоќен пред ПСЖ

Дејан Мансков со тимот на Веспрем загуби од ПСЖ и во вториот меч на домашен терен со 24-29 , во дербито на колото во групата Б од Лигата на шампионите. За унгарскиот тим ова е втор пораз во групната фаза, и двата од ПСЖ во последните две кола. За ПСЖ пак ова е седма победа со која се зацврстува на лидерската позиција во групата.

Унгарскиот шампион добро го отвори натпреварот и стигна до +5 поведувајќи со 8-3. Веспрем се одржуваше во водтсво во поголемиот дел од првото полувреме, но попушти концентрацијата во финишот, а ПСЖ успеа да изедначи на 10-10, а нерешено остана и на полувремето (12-12).

Почетокот на второто полувреме донесе изедначена игра гол за гол, но овој пат темпото го диктираше францускиот првак кој до средината на второто полувреме одржуваше 1-2 гола предност. А, потоа ПСЖ го засили темпото во нападот и усепа да се одлепи на 18-21. Не се предаваше ни Веспрем, со мини серија од 3-1, домаќините одново намалија на гол разлика 21-22, но немаше сили за пресврт. Французите одговорија со три гола во серија и на пет минути пред крај поведоа со 21-25 и обезбедија значајна победа.

Уве Генсхајмер со 10 гола го предводеше ПСЖ во победата за прво место во групата. Кај Веспрем, Мате лекаи постигна осум, а Момир Илиќ седум гола. Дејан Манасков имаше еден шут кон противничкиот гол, но не успеа да се запише во листата на стрелците.

Се вчитува...