Вест Хем тргнува по незадоволниот Тео Волкот

Англискиот премиерлигаш Вест Хем сака да го искористи незадоволството на напаѓачот на Арсенал, Тео Волкот, и ќе се обиде да го доведе во своите редови ова лето. Волкот не сака да биде резерва во тимот на Арсен Венгер и сериозно ги разгледува опциите за заминување од „Емирати“, а менаџерот на „чеканите“, Славен Билиќ, е подготвен да му понуди место во првите единаесетмина на Вест Хем.

Со овој евентуален трансфер, Тео Волкот би останал во Лондон, а би имал многу поголема можност за докажување и минутажа со која ќе се наметне за настап во репрезентацијата на Англија во пресрет на претстојното Светско првенство во Русија. Вест Хем е подготвен да плати 25 милиони фунти за услугите на крилниот играч на Арсенал.

Се вчитува...