Вестбрук брилијантен во триумфот на Оклахома, победа и на Голден стејт

Оклахома славеше на гостувањето против Феникс со 116-124 во најинтересниот натпревар од синоќешните десет во НБА лигата.

И, вообичаено најзаслужен за триумфот на Оклахома беше Расел Вестбрук кој го водеше тимот од -13 поени по првото полувреме до комплетен пресврт во вториот дел. Вестбрук мечот го заврши со 43 поени, 14 скока и 8 асистенции, додека Џорџ дополни со 20 поени и по пет скока и асистенции. Кај домашните повторно одличен беше Девин Букер со 39 постигнати поени, плус и 8 асистенции и 6 скока.

Голден стејт славеше против Атланта со 114-109 воден од Стеф Кари и Кевин Дурант кои постигнаа по 28 поени.

ЛА Клиперс запишаа значајна победа против Њујорк од 128-105, а победи и Јута против Минесота со 116-108. Во битката за плеј-офот триумф зашиша и Индијана против Милвоки од 103-96.

Се вчитува...