Вестбрук дојде до 99-от „трипл-дабл“ во кариерата, Нуркиќ со уште еден меч за паметење!

Оклахома дојде до победа против Сакраменто со 106-101 во синоќешниот дуел од НБА лигата и тоа благодарение на кој друг ако не на Расел Вестбрук.

Вестбрук стигна до 20-от свој „трипл-дабл“ во сезонава, а 99-ти во кариерата завршувајќи го мечот со 17 поени, 11 асистенции и 10 скока.

Во поразениот табор пак извонреден беше српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ кој за 29 минути на паркетот постигна 19 поени, со 3 асистенции и 8 скока.

Сакраменто со вториот едноподруго пораз сега е на 13. место на табелата на Западот со скор од 21-47, додека Оклахома е четврта со 40-29.

Репрезентативецот на БиХ, Јусуф Нуркиќ одигра уште еден меч за паметење во дуелот на Портланд и Мајами, во кој неговиот тим со 115-99 дојде до десеттата едноподруго победа.

Нуркиќ за 31 минута на паркетот запиша „дабл-дабл“ од 27 поени и 16 скока, дополнето и со по три асистенции и блокади.

Најефикасен на мечот, сепак беше Дамиан Лилард со 32 поени и 10 асистенции, а од спротивната страна брилјираше Горан Драгиќ со 23 постигнати поени.

Во останатите мечеви од вечерта Хјустон го победи Сан Антонио со 109-93, додека Мемфис загуби од Милвоки со 103-121.

Се вчитува...