Вестбрук потпиша за 205 милиони на роденденот на Дурант

Расел Вестбрук минатата сезона ја освои наградата за МВП во лигата, а челниците на Оклахома сити тандер го наградија својот „суперстар“ со фантастичен нов договор, со кој Вестбрук ќе стане најплатен кошаркар во НБА-лигата.

Новиот договор ќе стапи на сила од сезоната 2018/2019 и во него е вклучена опција за продолжување на соработката за сезоната 2022/23. Вестбрук ќе инкасира 205 милиони евра за времетраењето на новиот договор, а ако не тоа се додадат 28 милиони долари за претстојната сезона, извонредниот плејмејкер ќе стигна до заработувачка од вкупно 233 милиони долари.

Кога играш во Оклахома сити, играш пред најдобрите навивачи во светот. Едвај чекам да продолжам да давам се од себе за нив, за клубот и за целиот град“ – истакна Вестбрук.

Вестбрук инсистирал договорот да биде официјализиран во јавноста токму на 30 септември, денот што е роденден на неговиот екс-соиграч Кевин Дурант, кој му го сврте грбот на клубот пред две години селејќи се во Голден стејт.

Се вчитува...