Вестбрук со 37-от „трипл-дабл“ за победа на Оклахома

Оклахома стигна до победа од 91-92 против Далас, со поените на одлука во последната секунди на кој друг ако не Расел Вестбрук.

Вестбрук во последните три минути од мечот постигна 12 поени, од кои и последните два клучни за триумф. Притоа стигна и до својот 37 „трипл-дабл“ во сезоната, постигнувајќи 37 поени, 13 скока и 10 асистенции.

Далас на полувремето имаше предност и од 15 поени, а пред последната четвртина имаше и 12 поени предност. Но Оклахома одигра извонредно во последните пет минути и мечот стигнувајќи заслужено до победата.

Виктор Оладипо постигна 15 поени, а Тај Гибсон – 13 поени. Кај Далас се истакна Нерленс Ноел со 15 поени колку што имаше и Мејтус.

Се вчитува...