Видал прв се откажа од Чиле по квалификацискиот дебакл

Фијаското во квалификациите за СП 2018 и необезбедниот пласман на мундијалот ќе придонесе да дојде до „ремонт“ во редовите на чилеанската репрезентација, а прв нога повлече Артуро Видал.

Фудбалерот на Баерн, кој поради суспензија не настапи на клучниот дуел со Бразил, попладнево обелодени дека повеќе нема да настапува за својата национална селекција. Иако има само 30 години, Видал објави дека веќе нема да го носи дресот на Чиле, останувајќи на 99 натпревари за репрезентацијата.

Чилеанските медиуми најавуваат дека ова е само почеток на „ремонтот“, оставка во следните денови се очекува од селекторот Пици, а стапките на Видал ќе ги следат и искусните Медел и Браво.

Се вчитува...