ВИДЕО: Англичаните се воодушевуваат на Алиоски – „Го испрати Траоре по хот-дог“!

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски беше најдобриот поединец на Лидс во вчерашната победа од 0-2 на гостувањето против Нотингем Форест.

Англичаните и ден по средбата не ја кријат воодушевеноста од изданието на популарниот Џани. И, не само поради прекрасниот погодок за водство од 0-2, но и поради бројните „акции“ во текот на дуелот. Веќе го издвојуваат и начинот на кој си поигра со репрезентативецот на Сенегал, Арманд Траоре… „Алиоски го испрати Траоре по хот-дог“ – коментираат фановите на Лидс!

Се вчитува...