ВИДЕО: Дебакл во најава – Македонија губи со 0-3 од Австрија на полувремето!

Дебакл и се насетува на младата репрезентација на Македонија на дуелот против Австрија во четвртиот квалификациски натпревар за ЕП 2019, ако се суди според резултатот од првото полувреме на „Филип Втори“.

Австријците водат со повеќе од убедливи 0-3. Третиот гол за гостите го постигна капитенот Лаимар во 36. минута од средбата…

Претходно, Австрија до предноста од 0-2 дојде во 26. минута по брзиот контранапад кој го реализираше Хонсак…

Претходно, 0-1 донесе Јакуповиќ со прекрасниот гол во 13. минута…

Ние свои можности во првиот дел имавме преку Чешмеџиев во 8. минута кога од под самата греда спаси гостинскиот голман, Елмас извонредно шутираше во 39. минута, но Гартлер повторно феноменално одбрана и во 44. минута Амановиќ пропушти шанса од пред самиот гол по корнерот од десната страна.

Се вчитува...