ВИДЕО: Два гола за две минути – Муслиу и Трајковски го „скршија“ Лихтенштајн

Македонската репрезентација за само две минути со два погодоци го скрши отпорот на Лихтенштајн во последниот натпревар од квалификациите за СП 2018 кој се игра на стадионот „Младост“ во Струмица.

На полувремето Македонија има предност од 2-0 благодарение на головите на Висар Муслиу и Александар Трајковски…

Најпрво во 36. минута деби гол во македонскиот дрес запиша Висар Муслиу, по корнерот од левата страна кој го изведе Езгијан Алиоски…

А, во 38. минута по акција сосема еднаква како и во Торино пред три дена, Пандев го проигра Трајковски по десната страна, кој стрелаше и за 2-0…

Се вчитува...