ВИДЕО: Еуфорија до бескрај… „Комити“ се двигателот на Вардар!

Македонскиот шампион Вардар обезбеди место во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите… Но, без сомнение, сето тоа апсолутно ќе беше далеку од возможно без своите најверни навивачи „Комитите“!

„Комитите“ потврдија уште еднаш дека се двигателот на Вардар, секаде и секогаш! По лошо одиграното првото полувреме во кое „црвено-црните“ пред Малме можеа да бидат и со повисока негатива, во вториот дел следеше безрезервна поддршка од трибините на стадионот „Младост“ во Струмица, кои „грмеа“ од сите страни… Тоа ги скроти „викинзите“, а им даде крилја на „вардарци“ за на крајот очекувана еуфорија во Струмица…

Се вчитува...