ВИДЕО: Евро гол на Шпанците – Леле, леле… Де ла Бела!

Реал Сосиедад безмалку веќе ја осигурува победата против Вардар во 4. коло од Лигата на Европа доаѓајќи до водство и од 2-0 во 69. минута од средбата во Сан Себастијан.

Водството од 2-0 дојде по прекрасната акција од десната страна и феноменалниот гол со волеј на Де ла Бела…

Реал Сосиедад можеше да има и поубедлива предност досега, но во неколку наврати одлично интервенираше Гачевски. Шпанците имаат по 60 минути игра вкупно 21 шут кон голот на Вардар, а македонскиот шампион само еден кон противничкиот.

Се вчитува...