ВИДЕО: Феноменален пресврт за пет минути – Македонија води со 2-1!

Македонската репрезентација до 19 години со феноменален пресврт води против Швајцарија со 2-1 во првиот квалификациски натпревар за пласман во елитната рунда на патот кон ЕП.

По лошото прво полувреме во кое Швајцарците поведоа со 0-1, одличната наша генерација за пет минути дојде до комплетен пресврт. Најпрво по корнерот од десната страна на Митревски израмни Трајановски со гол со глава во 56. минута…

А, во 61. минута откако беше направен пенал врз фудбалерот на Келн, Чурлинов, од белата точка прецизно стрелаше Јани Атанасов за водство од 2-1.

Се вчитува...