ВИДЕО: Гофри за Работнички, Радески за Шкендија… 1-1 на полувреме!

Шкендија и Работнички играат без предност (1-1) по првите 45 минути на дербито од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Гостите дојдоа до предност во 35. минута, откако по одличното проигрување од Стјепановиќ, Чарлс Гофри изби сам пред противничкиот гол и прецизно стрелаше…

По само пет минути игра, Хасани одлично изведе слободен удар погодувајќи ја гредата, но на одбиената топка реагираше Радески кој со глава ја смести во мрежата за 1-1.

Се вчитува...