Видео: Голманот на Боливар постигна гол од својот шеснаесетник

Боливар славеше победа од 3-1 над Сан Хосе во боливискиот шампионат, а најдобриот момент од натпреварот го украде голманот на домаќинот во завршните мигови од средбата. Фудбалерите на Сан Хосе во обид да постигнат израмнувачки погодок го оставија својот гол празен, а откако Матијас Дитуро ја прифати топката, упати дегажман директно на противничката половина.

Топката се стркала до празната мрежа и беше поставен конечниот резултат, 3-1.

https://www.youtube.com/watch?v=wnz4IRi3j2Q

Се вчитува...