ВИДЕО: Голот кој ја смени иднината на фудбалот

На денешен ден, пред точно седум години на Светското првенство во Јужна Африка, се одигра осминафиналниот натпревар помеѓу Англија и Германија. На средбата „панцирите“ заслужено ја совладаа Англија со резултат од 4-1, но од тој меч се памети друг момент, кој подоцна влијаеше врз иднината на фудбалот.

При резултат од 2-1 за Германците, Франк Лампард постигна гол кој не беше признат, иако на снимката се приметува дека топката е зад линијата речиси еден метар. Тогаш Англичаните „кренаа прашина“, се зборуваше и за видео технологија која подоцна беше ставена во употреба, а токму голот на Лампард се смета дека ја покрена иницијативата.

Денес видео технологијата влијае на играта, и тоа успешно ја врши работата, а нема сомнежи дека токму овој (не)гол на поранешниот фудбалер на Челси, ја смени судбината на фудбалот.

https://www.youtube.com/watch?v=gcAH4Qm5M84

Се вчитува...