ВИДЕО: Гоооооол Вардар… Барсегјан си поигра со Шкртел па го матираше Камени!

Вардар води против Фенербахче со 1-0 на првиот натпревар од последното квалификациско коло за Лигата на Европа на „Телеком арената“ благодарение на прекрасниот погодок на ерменскиот репрезентативец Тигран Барсегјан.

Барсегјан по еден контранапад на „црвено-црните“, мајсторски си поигра со дефанзивецот на Турците, Мартин Шкртел а потоа го матираше голманот Карлос Камени…

Се вчитува...