ВИДЕО: Хасани асистираше, Алими и Жуниор мајсторски погодуваа…

Шкендија сосема заслужено стигна до триумф од 2-0 против Вардар во дерби натпреварот од 1. коло во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Тетовци долго не можеа да го „скршат“ отпорот на Вардар, за да тоа му успее во 61. минута на Арменд Алими, по проигрувањето од капитенот Ферхан Хасани, кој постигна вистински евро-гол, испраќајќи „бомба“ кон голот на Гачевски од 25. метри…

Веќе по само пет минути беше и 2-0 за Шкендија. По еден брз контранапад, Хасани повторно асистираше а овој пат Жуниор мајсторски погоди за конечен триумф.

Се вчитува...