ВИДЕО: Како Блажевски и Петковски го срушија „бункерот“ на Брегалница…

Вардар доминираше во текот на сите 90 минути на пресметката против Брегалница во 22. коло од Првата македонска фудбалска лига. Но, и покрај тоа долго се мачеше да дојде до мрежата на гостите.

На крајот, „вардарци“ сосема заслужено стигнаа до трите бода освоени преку погодоците на Дејан Блажевски и Петар Петковски во самиот финиш.

Најпрво Блажевски погоди во 87. минута сето тоа и еуфорично прославувајќи го со соиграчите…

А, победата ја запечати младинскиот репрезентативец Петар Петковски во 90. минута…

Се вчитува...