ВИДЕО: Како четата на „Пандев“ го освои и „Филип Втори“…

Академија Пандев е дефинитивно најпозитивното освежување за домашната прволигашка сцена на стартот од новата сезона. „Пандевци“ играат извонредно на секој натпревар сезонава, одржувајќи се на тој начин со 14 бода од 7 кола во врвот на прволигашката табела.

До триумф стигнаа и денеска на гостувањето против Работнички на „Филип Втори“, и покрај тоа што лошо го почнаа мечот.

Работнички поведе со голот на Гофри во 8. минута од средбата, откако претходно пак Кире Маркоски не реализираше и удар од белата точка…

Но, Академија Пандев израмни преку Јани Атанасов од пенал во 27. минута…

А, триумфот го донесе Александар Мишов со погодокот во 70. минута…

Се вчитува...